Свет Свет Осумнаесет повредени во земјотрес во Иран

Осумнаесет повредени во земјотрес во Иран

Најмалку 18 лица се повредени во земјотрес со магнитуда од 6,2 кој го погоди југоистокот на Иран, соопштија утринава иранските власта.

Потресот се случил вчера попладне во подрачјето на Керман, а епицентарот е регистриран на 800 километри јужно од Техеран, на длабочина од 10 километри.

Земјотресот не предизвикал поголема материјална штета, затоа што се случил во помалку населена пустинска област, соопшти иранскиот сеизмолошки центар и додаде дека потоа следеле два помали потреса.