Свет Осум жртви во невреме во Далас

Осум жртви во невреме во Далас

Повеќе торнада го погодија поширокото подрачје во Далас и зад себе оставија значителна материјална штета, но и осум жртви.

Вкупниот број на жртви на бурата што доцна синоќа ги погоди јужните држави во САД, Мисисипи, Тенеси и Арканзас, за време на божиќните празници се зголеми на 25.

Најмалку осум лица загинаа кога невремето го зафати густо населеното урбано подрачје кое ги опфаќа Далас и Форт Ворт, кое во исто време остана и без електрична енергија.

Градските власти на Гарланд во Тексас соопштија дека во тој град загинале пет луѓе, откако нивните возила се нашле во торнадото, како и дека одреден број луѓе се повредени во невремето.

Торнадата, за кои локалното население наведува дека биле најмалку четири, прекинувале електроводи и соборувале столбови, по што околу 50.000 луѓе останале без струја, објави весникот „Далас морнинг њуз“.

Уште три лица загинале во инциденти предизвикани од бурите во округот Колин, јужно од Далас-Форт, наведе весникот, повикувајќи се на информации од полицијата.