Главна секција Осум загинати полицајци, Груевски ги посети повредените

Осум загинати полицајци, Груевски ги посети повредените

Бројот на загинати полицајци во акцијата за неутрализација на терористите во Куманово е осум, објави телевизија „Сител“.

Вчера во борбите во населбата Диво Насеље загинаа петмина, a утринава во болница од повредите починал шестиот полицаец. На терен во борба со шестмина терористи загинал уште седмиот полицаец.

Колегите кои го чистат теренот го нашле мртов осмиот полицаец, кој, според првичните информации, загинал од експлозија на бомба. Во болница се однесени утринава неколкумина полицајци.

Премиерот Никола Груевски, пак, доцна синоќа ги посети полицајците што беа повредени во вооружената пресметка во Куманово.