Свет Европа Осум лица загинаа откако се преврти брод во Шкотска

Осум лица загинаа откако се преврти брод во Шкотска

Осумте члена на екипажот на товарниот брод „Семфјорд“ најверојатно се загинати откако во саботата бродот се преврти во немирните води на северниот брег на Шкотска поради лошите временски услови.
Прекината е потрагата по екипажот кој бил составен од седум Полјаци и од еден Филипинец, во која учествувале два хеликоптери, четири бродови и пет спасувачки тимови.

За време на несреќата на тоа подрачје имало силен ветер, а екипажот не испратил ниеден повик за помош.
Бродот „Семфјорд“, кој бил направен во 1984 година, пренесувал 2.000 тони цемент од Данска за Ливерпул и бил регистриран во Кипар. Тој успешно ја поминал инспекцијата во декември.