Свет Осум деца убиени во Австралија

Осум деца убиени во Австралија

Осум деца се пронајдени мртви, а една жена е тешко повредена во градот Кернс во Квинсленд, Австралија. Полицијата ги пронашла децата, кои се на возраст од 18 месеци до 15 години, по јавување од жената, која имала убодни рани и е пренесена на лекување. Од полицијата потврдиле дека жената е мајка на седум од децата, но сè уште не соопштуваат повеќе детали за убиството.