Свет Европа Остануваат длабоките разлики со Ердоган, смета Меркел

Остануваат длабоките разлики со Ердоган, смета Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел по завршувањето на самитот Г20 во Хамбург изјави дека остануваат „длабоките разлики“ помеѓу неа и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Двајцата лидери се сретнаа на самиот почекот на дводневниот самит.

-Апсењата на наводните државни непријатели после минатогодишниот обид за пуч во Турција и спорот околу базите на НАТО се прашања кои јас ги покренав и кои покажуваат длабоки разлики. А ние тие разлики не ги ставивме под тепих – изјави германската канцеларка.