Македонија Осомничените во „Труст“ денеска на распит во Кривичен суд

Осомничените во „Труст“ денеска на распит во Кривичен суд

Денеска попладне, околу 13 часот, во Кривичниот суд во Скопје на распит треба да се појават двајца од тројцата осомничени во случајот „Труст“, за кои Специјалното јавно обвинителство бара судот да им одреди мерка притвор.

Барањата за притвор СЈО ги поднесе пред два дена, а двајцата осомничени дури денеска ќе се појават на распит во судот.

Инаку, според членот 294 од Законот за кривична постапка, судот е должен веднаш по добивањето на предлозите за одредување мерки на обезбедување присуство нив да ги разгледа и да донесе одлука.

Во случајот „Труст“, како што информираше СЈО, три фирми, задружени во конзорциум, го добиле тендерот на ЕЛЕМ вреден 1,06 милијарди денари или 17.235.772 евра, доставувајќи фалсификувани документи за сопственост на мехнизација и за кадровска екипираност.