Свет Европа Осомничениот за терористичкиот напад во Стокхолм го призна делото

Осомничениот за терористичкиот напад во Стокхолм го призна делото

Рахмат Акилов, главниот осомничен за нападот со камион во Стокхолм, призна дека го извршил кривичното дело тероризам, изјави неговиот адвокат Јохан Ериксон.

– Тој го признал делото тероризам и се согласи на притвор – рече Ериксон на рочиштето на кое се одлучува за притворот на 39-годишниот Узбекистанец.

Во нападот со камион на 7 април во центарот на Стокхол се убиени четири лица, а повредени се 15.