Подглавна секција Основните услуги во Газа се во распад, улиците преплавени со канализациска вода

Основните услуги во Газа се во распад, улиците преплавени со канализациска вода

Од Обединетите нации велат дека постојано носат тешки одлуки за тоа кој ќе добие од ограничените залихи гориво

Фото: Принтскрин од објава на Твитер профилот на Израелските одбранбени сили (IDF)

Снемува храна, вода, лекови и улиците се преплавени со вода од канализиција, изјави на прес-конференција Филипе Лацарини, главниот комесар на телото на Обединетите нации кое пружи хуманитарна помош на Палестина.

„Газа е на работ на здравствена катастрофа поради ризикот на ширење на болести“, дополни Лацарини на прес-конференцијата, пишува Гардијан.

Израел сѐ уште го забранува внесувањето на гориво во Газа, тврдејќи дека тоа би било искористено од Хамас за терористички напади. Дополнително, Израел тврди дека Хамас краделе гориво од резервите на претходно споменатата организација на Обединетите нации.

Лацарети ги одрекува овие обвинувања, објаснувајќи дека од ОН имаат развиен систем на мониторирање, со кој се осигуруваат дека хуманитарната помош не завршува во погрешните раце.

„Ме боли тоа што хуманитарната помош, многу основно човечко право, постојано паѓа под сомнеж, додека очајот на Палестинците се пренесува во живо“, изјави комесарот.

Најмалку 7.000 жители во Газа се убиени досега од почетокот на конфликтот, 57 од нив се дел од екипите на ОН.

Израелските одбранбени сили велат дека во 24 саати погодиле 250 засолништа на Хамас, вклучувајќи нивна мрежа од тунели, и дека убиле тројца клучни оперативци на Хамас.

Израел елиминираше тројца високи оперативци на Хамас