Македонија Османи со повик до Македонците во Албанија: Слободно изразете ја вашата етничка...

Османи со повик до Македонците во Албанија: Слободно изразете ја вашата етничка припадност на пописот

Ги повикувам Македонците во Албанија слободно да ја изразат својата волја и да ја потврдите вашата етничка јазична и идентитетска припадност, апелираше министерот за надворешни работи Бујар Османи во видео-обраќањето.

Фото: МНР

Ги повикувам Македонците во Албанија слободно да ја изразат својата волја и да ја потврдите вашата етничка јазична и идентитетска припадност, апелираше министерот за надворешни работи Бујар Османи во видео-обраќање до Македонците во Албанија каде се спроведува пописот на населението.

„Ви се обраќам затоа што сакам да бидете уверени дека овој попис овозможува слободно да ја изразите вашата етничка, јазична и религиска припадност. Со оваа демократска придобивка, Албанија е препознатлива во светот по своето мултиетничко и мултикултурно општество, нешто што, исто како и кај нас, претставува непроценливо автентично културно наследство. Драги Македонци препознавајќи ја вашата улога како лојални граѓани на Албанија ве охрабрувам на претстојниот попис слободно да се изразите и да ја потврдите вашата етничка, јазична, религиска и идентитетска припадност“, порача Бујар Османи.

Инаку, вчера претседателот на фондацијата „Македонија“ Виктор Стојанов упати закана до жителите на Пустец дека доколку не се пишат како Бугари ќе им бидат одземени бугарските пасоши.