Главна секција Османи: Ова се последните клучни и најкритични метри на 25-годишниот маратон

Османи: Ова се последните клучни и најкритични метри на 25-годишниот маратон

Наредните часови ќе бидат клучни за одлучување за исходот од преговорите помеѓу Македонија и Грција. Сметам дека е прерано да се каже кој ќе биде исходот, но сметам дека ова се последните метри на еден 25-годишен маратон, а обично последните метри се најкритични, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, Бујар Османи на денешната прес-конференција.

Тој вели дека и од двете страни има волја за затворање на ова прашање и дека од страна на двете влади има активен ангажман.

– Мое чувство е дека повеќе разликите се во интерпретација на напишаното отколку во генералните принципи. Сите меѓународни пријатели не охрабруваат, ни помагаат и се обидуваат да го олеснат спорот. Ова е идеална прилика да се затвори прашањето, со што ќе ни се отвори процесот за НАТО и ЕУ. Барам разбирање да бидеме внимателни, во критичните последни чекори многу е лесно да се изместите заради преоптовареност на преговорите и емоциите. Така што треба да бидеме внимателни и да видиме каков ќе биде исходот во наредните часови и денови – рече Османи.