Македонија Османи на средба со Коѕиас следниот вторник во Атина

Османи на средба со Коѕиас следниот вторник во Атина

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во вторник, следната недела ќе замине во работна посета на Атина, каде, како што информираат од неговиот кабинет, ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас.

Покрај Коѕиас, предвидено е Османи да има средба и со заменик-министерот за надворешни работи задолжен за европски прашања и меѓународни економски односи, Јоргос Катругалос.

На средбите ќе бидат отворени прашањата поврзани со европските интеграции на Македонија, информираат од кабинетот на Османи.