Македонија Османи на амбасадорите им ги презентираше деловите „6“ и „9“ од планот...

Османи на амбасадорите им ги презентираше деловите „6“ и „9“ од планот „3-6-9“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денес ги презентирал деловите „6“ и „9“ од планот „3-6-9“, пред амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Македонија.

Османи посочил дека намерата на Владата е планот „3-6-9“ да ја заокружи реформската потреба на Република Македонија, за откочување на евроинтегративните процеси. Тој на амбасадорите им ги повторил очекувањата на Владата за конкретни чекори од стана на Европската Унија во насока на визибилноста на европските перспективи во Македонија.

„Пред нас имаме процес на имплементација на сериозни реформи, политички чекори насочени како придобивка за следните генерации, а не за следните избори. Владата храбро влезе во реализација на овие реформи и согласно нивната испорака, граѓаните ќе очекуваат испорака и од страна на Европската Унија“, истакна Османи.

Османи нагласил Владата во наредниот период, ќе се посвети на изградбата на широк општествен и политички консензус за планот „3-6-9“, за да се издвојат интеграциите во ЕУ и во НАТО од дневната политичка дебата.