Македонија Османи: Двојазичните банкноти и униформи не се неуставни

Османи: Двојазичните банкноти и униформи не се неуставни

И двојазичните банкноти и униформите ќе бидат уставни, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, во изјава за „Радио Слободна Европа“ по денешната прес-конференција на Зоран Заев. Лидерот на СДСМ рече дека тие би биле спротивни на уставните одредби, односно дека така сугерирале експертите што ги консултирала неговата партија.

– Ние сметаме дека се целосно во рамки на Уставот, како што и пасошите што се користат низ цела територија, па и надвор се двојазични веќе со децении – изјави Османи.