Свет Оскар Гренинг побара да биде помилуван

Оскар Гренинг побара да биде помилуван

Поранешниот сметководител на Аушвиц, Оскар Гренинг, на првиот ден од судењето во Лунебург,  побара помилување за жртвите од холокаустот, во кое се наведува дека чувствува морална вина, но укажа и на разликата меѓу неговата работа и таа на џелатот.

– Нема сомневање дека носам морална одговорност. Јас барам прошка. Кога станува збор за одговорноста, одлуката е ваша – рече 93-годишниот поранешен член на германската СС- дивизија.

На Гренинг му се суди за активности што ги вршел во Аушвиц, во мај и во јули 1944 година, кога во логорот дошле околу 425.000 Евреи од Унгарија и кога 300.000 од нив биле егзекутирани во гасна комора.