Главна секција Османи: Ги демантирам сите шпекулации за договор за коалиција со која било...

Османи: Ги демантирам сите шпекулации за договор за коалиција со која било партија

Ги демантирам сите шпекулации што излегоа по медиумите за наводен договор помеѓу ДУИ и некоја партија за нов владин состав, тоа се чисти шпекулации, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, кој накратко излезе од состанокот на партиското раководство во Мала Речица за да ги демантира информациите што се појавија по медиумите, a се однесуваат за наводна коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Тој истакна дека ДУИ сè уште дискутира за петте предлози „за“ или „против“.

На новинарско прашање дали се разгледуваат и предлозите на другите партии поднесени до ДУИ, Османи изјави дека се разгледуваат сите предлози заедно со платформата на ДУИ.

Дали вечерва ќе има конечна одлука, Османи не сакаше да прецизира. Состанокот на централното претседателство на ДУИ сè уште трае и нема најава кога ќе заврши.

Во меѓувреме, „Телма“ јави дека почнала средбата на ВМРО-ДПМНЕ со коалициските партнери.