Свет Орбан: САД вршат притисок врз Унгарија поради Јужен тек

Орбан: САД вршат притисок врз Унгарија поради Јужен тек

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, обвини дека САД се обидуваат да влијаат на Унгарија поради енергетските врски со Русија.

– САД вршат силен притисок врз Унгарија – изјави Орбан.

Според Орбан, САД ја разгледуваат реализацијата на проектот Јужен тек како „зближување на Унгарија со Русија“.

– Ние не планираме со никого ниту да се зближуваме, ниту да се оддалечуваме. Ние не водиме проруска политика, туку проунгарска – изјави Орбан.