Свет Балкан Орбан: Милановиќ има задача да ја напаѓа Унгарија

Орбан: Милановиќ има задача да ја напаѓа Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека на хрватскиот премиер Зоран Милановиќ треба да се гледа како на претставник на Социјалистичката интернационала чија задача е да ја напаѓа Унгарија.

– Што и да каже хрватскиот премиер, ние тоа не го сметаме за став на хрватскиот народ – рече Орбан во интервју за унгарското радио „Кошут“.

Орбан рече дека Вишеградската група, која ја сочинуваат Чешка, Унгарија, Полска и Словачка, добро соработува во врска со бегалската криза.

– Проблемот е со земјите кои кон тоа прашање пристапуваат идеолошки – рече Орбан, додавајќи дека одредени француски и италијански политичари, како и канцеларите на Германија и на Австрија се пример за оние кои на миграцијата гледаат како на „позитивен феномен кој го охрабруваат“.