Свет Балкан Орбан бара испраќање војска на границите на Унгарија

Орбан бара испраќање војска на границите на Унгарија

Членките на Европската унија ќе бидат присилени да се заштитат од „заканата“ од масовна миграција, додека не договорат единствено решение за проблемот, рече денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

– Загрозени се нашите граници, нашиот живот кој се темели на почитување на законите… и цела Европа. Ќе нè прегазат – рече Орбан во говорот во парламентот, додавајќи оти Унгарија со својот пристап кон миграциската криза ја штити ЕУ.

Орбан повтори дека квотите за мигранти што ги предлага Брисел не се „европски акциски план“, затоа што прво треба да се заштитат границите и да се запре приливот на мигранти. Тој ги повика сите парламентарни партии да ја поддржат владината политика во пресрет на гласањето за предлогот на владејачката партија да се ангажира војска за заштита на границата.