Дописници Општината Бујукчекмеџе од Турција финансира изградба на училиште во Струга

Општината Бујукчекмеџе од Турција финансира изградба на училиште во Струга

Општина Струга почна да го гради новиот објект на основното училиште „Браќа Миладиновци“, зафат што целосно го финансира општината Бујукчекмеџе, од Република Турција.

Камен-темелникот го поставија градоначалниците Зијадин Села и Хасан Акгун.

Вкупната површина на објектот изнесува 1.300 квадратни метри покриен простор.

Современиот објект ќе располага со 13 училници, пет административни канцеларии и една сала за состаноци.

Идното училиште ќе го носи името на основачот на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк, кој има семејно потекло од селото Кочаџик, Дебарско.