Дописници Општина Штип го наградува сопственото претпријатие со најзначајната општинска награда

Општина Штип го наградува сопственото претпријатие со најзначајната општинска награда

Највисоката општинска награда, која се доделува на секои пет години на заслужни граѓани што дале свој придонес во општественото живеење, годинава да се додели на Јавното комунално претпртијатие „Исар“ формирано од Општина Штип, e предлогот на комисијата за доделување на наградата, кој се најде на денешната седница на Советот на Општината.

За Осмоноемвриски признанија, што традиционално се доделуваат со децении за Денот на ослободувањето на Штип, 8 Ноември, комисијата предложи една институција, приватна компанија, Итната медицинска служба и една музичка група.

На предлог-листата за општинско признание се НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“, компанијата „Семак фешн“, која гради нов објект во индустриската зона, Итната медицинска служба и „Дуо грациозо“, на музичарките Кристина Палија и Невенка Дуковска.

Признанијата се доделуваат секоја година, додека наградата која беше вознобновена во 2006 година се доделува на пет години. Поранешни добитници на највисоката општинска награда се Коста Балабанов во 2006 година, штипјанец по потекло, почесен конзул на Јапонија во Македонија, и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.