Дописници Општина Пустец доби туристичко бродче на соларен погон

Општина Пустец доби туристичко бродче на соларен погон

Општина Пустец, за промоција на туристичките вредности на општината, почна да користи туристичко бродче.

На пуштањето во употреба присуствуваа градоначалникот Едмонд Темелко и жители на општината.

– Соларното бродче е заеднички проект на Општина Пустец, единствена на етничките Македонци во Албанија, и на Општина Преспа од Грција, потпомогнат од ИПА-фондовите на Европска унија за погранична соработка – вели за „Мета“ Васил Стерјовски, генерален секретар на Македонската алијанса за европско интегрирање.