Дописници Општина Дебрца мака мачи со дивите депонии

Општина Дебрца мака мачи со дивите депонии

По уредувањето на дивата депонија во местноста „Царо Поле“, село Ново Село, службите на Општина Дебрца започнаа со чистење и уредување на уште една поголема депонија во општината, лоцирана во непосредна близина на распределителната градба на реката Сатеска, на влезот од село Волино.

Просторот кој претставуваше грда слика и на кој беа депонирани поголемо количество на градежен шут, комунален и инертен отпад и претходно во неколку наврати го чистеа комуналните служби на Дебрца.

Од општината се децидни дека против сите оние кои ќе бидат затекнати во деградација на исчистениот простор ќе се преземат со закон предвидени санкции. Ова не се однесува само на жителите од нивната општина, туку и на жителите од соседните села Ливада, Корошишта, Џепин од општина Струга, кои често пати недозволено одлагаат отпад на овој простор.