Свет Балкан Опозицијата фрли солзавец на седница во косовското Собрание

Опозицијата фрли солзавец на седница во косовското Собрание

Опозицијата фрли солзавец во Собранието на Косово, при што седницата беше прекината набргу по нејзино почнување.

Поради ова, претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весељи, суспендирал 18 пратеници на опозицијата, од кои тројца биле приведени.

Косовската опозиција бара оставка од Владата на Косово, се противи на изборот на Хашим Тачи за претседател, но е и против договорот за Заедницата на српски општини и демаркација на границата со Црна Гора.