Видео Опасна експлозија во фабрика за хемикалии во Шпанија

Опасна експлозија во фабрика за хемикалии во Шпанија

Силна експлозија одекна во фабрика за хемикалии во шпанскиот град Патерни, во близина на Валенсија.

Како што се наведува, инцидентот се случил во индустриската зона Фуерте дел Харо, а шпанските медиуми наведуваат дека најмалку едно лице е хоспитализирано.

Во хемиската фабрика се работи со хлорин, токсичен гас кој може да предизвика тешкотии со респираторниот систем, очите и со кожата.