Свет Опаѓа бројот на заразените со зика

Опаѓа бројот на заразените со зика

Светската здравствена организација (СЗО) денеска потврди дека се намалува бројот на заразените со вирусот зика во Бразил.

– Епидемијата на зика е дефинитивно во опаѓање во Бразил. Освен во Бразил, епидемијата има тенденција на опаѓање и во Колумбија и африканската држава Зелен ’Рт – потврди денеска Мари Киени, помошник директор на СЗО на прес-конференција во Париз посветена на вирусот зика.

Киени не сакаше да открие која е сегашната бројка на заразени.