Македонија Онлајн измама: Двајца велешани продавале празни цедеа за „учење странски јазици“

Онлајн измама: Двајца велешани продавале празни цедеа за „учење странски јазици“

Цедеата биле без содржина, со што велешаните оштетиле голем број граѓани

Photo by Chris Yates on Unsplash

Двајца велешани добија кривични пријави поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „посебни случаи на фалсификување на исправи“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што информираше полицијата, двајцата, претставувајќи се во име на скопско училиште за странски јазици, преку онлајн продажба продавале цедеа (ЦД-а) за учење странски јазици. Цедеата биле празни, односно без содржина, со што велешаните оштетиле голем број на граѓани.

„Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници во полициска станица извршиле службен разговор со пријавените, при што било констатирано дека двајцата, претставувајќи се во име на правно лице – училиште за странски јазици од Скопје, преку онлајн продажба нуделе и продавале материјали (ЦД-а) за учење на странски јазици кои биле празни, односно без содржина, при што оштетиле поголем број на граѓани, стекнувајќи се со противправна имотна корист“, соопштија од МВР.