Свет Свет ОН со резолуција бара итен прекин на огнот во Сирија

ОН со резолуција бара итен прекин на огнот во Сирија

Генералното собрание на Обединетите нации со 122 гласа ја поддржа резолуцијата со која се бара итен прекин на огнот во Сирија.

Собранието побара да биде овозможено хуманитарната помош да биде доставена во сите делови на земјата.

ОН исто така побараа да биде завршена опсадата на сите области, вклучувајќи го и градот Алепо.

Против оваа резолуција, која ја предложи Канада, беа 13 членки на ОН, додека 36 земји се воздржаа од гласање.

Резолуциите на Генералното собрание на ОН не се обврзувачки, но имаат политичка тежина.