Свет ОН сметаат дека договорот за примирје во Сирија ќе помогне за мировните...

ОН сметаат дека договорот за примирје во Сирија ќе помогне за мировните преговори

Обединетите нации го поздравија договорот што САД и Русија го постигнаа за примирје на југозападот на Сирија, наведувајќи дека тоа ќе помогне за мировните преговори.

Заменикот на специјалниот известувач на ОН за Сирија, Рамзи Рамзи, изјави дека договорот за примирјето кој е постигнат вчера во Хамбург на самитот на Г20, претставува чекор напред во правилна насока.

Рамзи изрази надеж дека и за други области во Сирија ќе биде постигнат сличен договор за спречување на насилство.

Рамзи говореше во Дамаск во пресрет на новата рунда мировни преговори што треба да се случат в понеделник во Женева со посредство на ОН.

Примирјето ќе стапи на сила в недела по сириско време, изјавија властите на САД и владата на Јордан, која е исто така вклучена во договорот.