Свет ОН најавија 250 милиони долари за едукација на сириските деца

ОН најавија 250 милиони долари за едукација на сириските деца

Претставникот на ОН за глобално образование, Гордон Браун, изјави дека донаторите ветиле 250 милиони долари за едукација на повеќе милиони сириски деца во текот на 2016 година, но додаде дека тоа не е доволно.

Во изложувањето во ОН во Њујорк, Браун навел дека итно се потребни уште дополнителни 500 милиони долари за финансирање на програмата за едукација во Турција, Либан и во Јордан.

Организацијата „Девојчињата не се невести“ претходно објави дека се зголемила стапката на склучување бракови меѓу сириските девојчиња-бегалки од 12 на 26 отсто, а едно од три момчиња стануваат работници.

– Итно е потребно да им се пружи образование за овие деца да избегнат експлоатација и да имаат надеж за иднина – рече Браун.

Поранешниот британски премиер потсети дека во 2009 година издвоени се илјадници милијарди долари за поддршка на светската економија и истакна дека не би требало да биде проблем да се најдат 500 милиони долари за оваа добра цел.