Свет Свет ОН: Повеќе од 6.000 луѓе загинале во конфликтот во Украина

ОН: Повеќе од 6.000 луѓе загинале во конфликтот во Украина

Бројот на загинати во Украина надмина 6.000 луѓе, наведено е во најновиот извештај на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарна помош.

„Вкупно, од почетокот на конфлктот, во средината на април 2014 година, па сè до 19 март оваа година, регистрирани се 6.072 жртви, а ранети се 15.345 луѓе“, наведено е во извештајот.

Пред седум дена, бројот на потврдени жртви во Украина изнесуваше 5.934, а повреден беа 15.300 лица.