Свет ОН: Искоренување на сиромаштијата до 2030 година

ОН: Искоренување на сиромаштијата до 2030 година

Членките на Обединетите нации, на број 193, постигнале спогодба за нова развојна агенда во следните 15 години.

Со неа се повикува на искоренување на сиромаштијата и на гладот, остварување еднаквост на половите, унапредување на животниот стандард и преземање итни акции за борба против климатските промени.

Со агендата, меѓу другото, се превидува ставање крај на сиромаштијата „секаде и во сите облици“, обезбедување квалитетно образование, како и достапност до енергија и заштита на природната средина.

Агендата за одржлив развој до 2030 ќе биде усвоена на самитот на ОН, непосредно пред годишниот собир на светските лидери на Генералното собрание кон крајот на септември.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, истакна дека со овој план „настојува да се обезбеди мир и просперитет и да се создадат партнерства во чие средиште ќе бидат луѓето и планетата.