Свет Европа ОН: Има индиции дека руските сили извршиле воени злосторства во Украина

ОН: Има индиции дека руските сили извршиле воени злосторства во Украина

Турк ја обвини Русија за голем неуспех да ги заштити цивилите за време на воените дејствија во Украина

Напуштен руски тенк од руската армија во близината на Изијум | Фото: Ukrinform TV, CC BY 3.0, Викимедија комонс

Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Волкер Турк информираше дека има индиции оти руските сили извршиле воени злосторства во Украина, пренесува Гардијан.

Турк ја обвини Русија за голем неуспех да ги заштити цивилите за време на воените дејствија во Украина.

„Имаше голем неуспех од страна на Руската Федерација да преземе соодветни мерки за заштита на цивилите и заштита на цивилните објекти од ефектите на нивните напади“, изјави Волкер Турк.

Тој додаде дека мониторингот на неговата канцеларија укажува на „грубо кршење на меѓународното право за човекови права, сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право и воени злосторства, првенствено од страна на силите на Руската Федерација“.

Во март годинава Меѓународниот кривичен суд од Хаг издаде налог за апсење на Владимир Путин поради обвинение за учество во киднапирањето на украинските деца.

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерун изјави дека Велика Британија и Франција ќе продолжат да ја поддржуваат Украина онолку колку што е потребно.

Камерун одржа средба со француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона во Париз, по што изјави дека двете земји и во иднина ќе ја поддржуваат Украина.

Камерон го повика Западот да биде трпелив за темпото на украинскиот воен напредок.

Во Украина расте загриженоста за глобалната поддршка, при што конфликтот на Блискиот Исток го одзема вниманието од војната во оваа земја и долгорочните прашања за западната финансиска поддршка, додека САД годинава влегува во изборен циклус за нов претседател.