Свет ОН: 173 загинати, 100.000 заробени лица во Рака

ОН: 173 загинати, 100.000 заробени лица во Рака

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Зеид Раад ал Хусеин, соопшти дека овој месец најмалку 173 цивили се убиени во операција против Исламска држава во Рака.

Тој соопшти дека 100.000 цивили се заробени во тој сириски град.

Светските агенции пренесуваат дека Ал Хусеин ги изнел овие податоци во време кога борците со поддршка од САД водат борба за преземање на Рака од рацете на Исламска држава.

Ал Хусеин ги повика сите страни, вклучувајќи ја и меѓународната заедница, да ги преземат сите можни мерки за да ги поштедат животите на цивилите заробени во тој град.

– Цивилите не смеат да бидат жртвувани заради брзите воени победи – соопшти високиот комесар за човекови права на ОН.