Свет Оланд: Мора да се стави крај на крвопролевањето во Сирија

Оланд: Мора да се стави крај на крвопролевањето во Сирија

Сириската трагедија во историјата ќе биде набљудувана како срам за меѓународната заедница ако брзо не ја прекинеме, порача од Генералното собрание на ОН во Њујорк францускиот претседател, Франсоа Оланд.

Во своето обраќање, Оланд истакна дека мора да се стави крај на крвопролевањето во Сирија и ги повика странските поддржувачи на сириската влада да наметнат мир. Тој рече дека постои голем ризик Сирија да се распадне како држава и оти сириската влада е одговорна за неуспехот на најновото примирје.