Свет Европа Оланд, Меркел и Порошенко во понеделник ќе разговараат за Украина

Оланд, Меркел и Порошенко во понеделник ќе разговараат за Украина

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд и германската канцеларка, Ангела Меркел во понеделник во Берлин ќе се сретнат со украинскиот претседател Петро Порошенко со кој ќе разговараат за ситуацијата во Украина, соопшти францускиот министер за надворешни работи, Лоран Фабијус.

И покрај договорот за прекин на огнот, на истокот на Украина повторно дојде до ескалација на конфликтот помеѓу проруските бунтовници и украинската војска, во која досега загинале 6.800 луѓе.

ЕУ и генералниот секретар на ОН, Бан ки Мун, ја осудија повторната ескалација на насилството во Украина, а рускиот претседател Владимир Путин за влошената состојба го обвини Киев.

Оланд, Меркел, Порошенко и Путин на 23 јули во телефонски разговор апелирале на целосна примена на договорот за прекин на огнот на истокот во Украина, кој беше постигнат во Минск во февруари оваа година.

Киев, Вашингтон, НАТО и ЕУ ја обвинуваат Русија дека ги поттикнува сепаратистите во Украина, а Москва тоа категорично го негира.