Свет Европа Оланд и Меркел го осудија убиството на Немцов

Оланд и Меркел го осудија убиството на Немцов

Францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел изразија сочуство за семејството на убиениот опозициски политичар Борис Немцов и најостро го осудија убиството, нагласувајќи дека тоа претставува загуба за руската демократија.

– Тој беше храбар и неуморен заштитник на демократијата и борец против корупцијата – рече претседателот на Франција.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е потресена од грозоморното кукавичко убиство на Немцов и го повика рускиот претседател Владимир Путин да се погрижи убиството да биде расветлено и сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата.

Немцов, лидерот на опозициското „Движење на солидарноста“, синоќа беше убиен со четири куршуми истрелани од автомобил во движење додека се шетал на московскиот мост Бољшој камени.