Македонија ОЈО поднесе обвинение против лицето што ја влечеше Шекеринска за коса

ОЈО поднесе обвинение против лицето што ја влечеше Шекеринска за коса

Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против лицето што за време на насилниот упад на граѓани во Собранието на 27 април, за коса ја влечеше сегашната министерка за одбрана, а тогашна пратеничка, Радмила Шекеринска.

„Спроведена беше истражна постапка и до Основниот суд Скопје 1 е поднесен и обвинителен акт против осомничениот. Имено, лицето се товари дека за време на настаните во законодавниот дом извршило грубо насилство, повлекувајќи за коса пратеничка во македонското Собрание. Оштетената во настанот добила тешка телесна повреда“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Од ОЈО информираат дека за кривичното дело насилство, предвидена е казна затвор во траење од 3 до 10 години.