Дописници Охриѓанец со нож расчистувал сметки во кафуле

Охриѓанец со нож расчистувал сметки во кафуле

Секторот за внатрешни работи од Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишниот И.Р. од Охрид, поради сомнеж дека сторил обид за тешка телесна повреда.

На 23 ноември, пријавениот, со неколку убоди со нож во пределот на десната препона и на левата надколеница, му нанел телесни повреди на Б.Р., исто така од Охрид. Настанот се случил околу 23 часот, во угостителскиот објект „Ноа“.

Пријавениот И.Р. извадил нож на преклопување, со сечило од 9 сантиметри, и успеал на Б.Р. да му нанесе неколку убоди во пределот на десната препона и на левата надколеница.

На местото на настанот извршен е увид, фотографирање и подигнување на ножот, кој заедно со други предмети се испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.