Дописници Охриѓанец починал во казино во Струга

Охриѓанец починал во казино во Струга

Охриѓанец, на 54 години, чиј идентитет не се соопштува, починал во казино во Струга.

Вработена во казиното, во полициската станица во Струга, пријавила дека мажот, играјќи на еден од апаратите, наеднаш паднал на подот во бесознание.

Со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Струга, каде што е констатирана смрт без траги на насилство.

Од полицијата го потврдија случајот, но не соопштуваат повеќе детали.