Дописници Охриѓанец платил за бензин со фалсификувана банкнота

Охриѓанец платил за бензин со фалсификувана банкнота

Поради постоење основан сомнеж дека фалсификувал пари и дека лажно пријавил кривично дело, СВР од Охрид поднесе кривична пријава против 61-годишен охриѓанец.

– Пријавениот, во јули минатата година, за да стекне противправна имотна корист, набавил лажни пари со намера да ги пушти во оптек како вистински. Тој прибавил една фалсификувана банкнота од 500 денари и се обидел како вистинска да ја пушти во оптек во една пекарница, но и на неколку други места во Охрид. На 9 август минатата година, пријавениот се обидел со фалсификуваната банкнота да плати гориво на една бензиска пумпа. Притоа, од вработените му било кажано дека банкнотата е лажна и дека ќе мора да го пријават во СВР Охрид. Пријавениот не се согласил делото да биде пријавено од нивна страна, туку самиот дошол во СВР Охрид. Тој на полициските службеници им кажал дека банкнотата ја добил од касиерката во еден маркет каде претходно бил на пазарење и незнаејќи дека е лажна, со банкнотата од 500 денари единствено се обидел да го плати горивото на бензиската станица- информираше портпаролот на СВР од Охрид, Стефан Димоски.

Банкнотата е испратена на вештачење, при што со записник и со експертиза, стручната служба на Народната банка на Република Македонија го потврди фалсификатот.