Македонија Охридскиот суд им го продолжи притворот за 30 дена на браќата Усеини

Охридскиот суд им го продолжи притворот за 30 дена на браќата Усеини

Фото: ФБ

Основниот суд Охрид го прифати предлогот на обвинителството и донесе одлука со која им го продолжи притворот за 30 дена на Нефи Усеини и неговиот брат, поради постоење опасност од нивно бегство.

Браќата Усеини се во притвор поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ откако нивниот сограѓанин, Спире Топалоски ги пријавил во полиција дека Нефи Усеини и неговиот брат го нападнале во охридски хотел.

Неколку дена подоцна, Топалоски се премисли и ги демантираше написите кои излегоа во јавноста за инцидентот, велејќи дека поради стресот стекнал погрешен впечаток дека Нефи Усеини има пиштол при нападот.

Основното јавно обвинителство во Охрид до Основниот суд Охрид поднесе обвинителен предлог против браќата Усеини и побара посебен предлог за продолжување на определената мерка притвор за двајцата обвинети.