Дописници Охрид за новогодишните празници: Повеќе услуга за лански цени

Охрид за новогодишните празници: Повеќе услуга за лански цени

Повеќе услуга за лански цени, е мотото под кое охридските хотелиери и кафеанџии ги привлекуваат гостите од земјата и од странство за новогодишните празници.

Хотелите нудат разновидна музичка и забавна програма, освен стандардното сместување и празнично мени.
„Милениум палас“ нуди предновогодишно мени по рекламни цени од 400 до 600 денари. Слично е и во другите објекти.

Поголем дел од хотелите во Охрид излегоа со понуди за тридневни аранжмани, по цена од 90, односно 110 евра во „Климетица“ до 159 во „Белведере“.

Во хотелите „Метропол“ и „Белви“ тридневните аранжмани чинат 150 евра, во „Силекс“ – 149 евра, а во „Ривиера“ – 139 евра.

Интересна понуда има и за младите. Во трите објекти на Кадмо ќе има различна понуда. Богато новогодишно мени во „Кадмо ланч бар“ со староградска музика. На плажата Кадмо ќе настапуваат редоследно трите вечери Јоце Панов, Џони и „Куку леле“.