Дописници Охрид со директни авиолинии до Лондон, Базел и до Истанбул

Охрид со директни авиолинии до Лондон, Базел и до Истанбул

Локалната самоуправа од Охрид ги реализираше најавите за субвенционирање на евтини авионски летови, за што претходно беше распишан јавен конкурс. Градоначалникот Никола Бакрачески информираше дека покрај претходно договорената директна авиолинија од Охрид кон Базел, од 1 јули годинава стартува и директна авиолинија Охрид- Лондон.

– Избран е најповолниот понудувач за воспоставување директна авиолинија Охрид – „Лутон“ (Лондон), од 1 јули со фреквенција двапати неделно – изјави градоначалникот.

Бакрачески најави, како што нагласи, голема веројатност наскоро да се воспостави и линија Охрид – Истанбул трипати во неделата, како резултат на лобирањето на парламентарците во турскиот парламент кои имаат корени од Охрид.

Исто така, Турција изби меѓу трите земји со најголем број гости во Охрид и во Македонија.

В.М.