Хроника Ограбена куќа во Велес

Ограбена куќа во Велес

Непознат сторител провалил во куќа на 21-годишен велешанец и украл златен накит, пиштол и други предмети, чија вкупна вредност била проценета на околу 30.000 денари.

Како што информираат од полицијата, кражбата се случила во периодот меѓу 1 и 15 октомври, во куќа сопственост на Т.А. (21) на улицата Стеван Богоев во Велес.

Според пријавата, крадецот со себе однел златен и друг вид накит, дигитални ресивери и пиштол „ЧЗ-75“, калибар 9 милиметри.

Полицијата засега нема осомничен за кражбата.