Македонија Ограбен трезорот на НЛБ во Скопје, вработен однел 2 милиони франци и...

Ограбен трезорот на НЛБ во Скопје, вработен однел 2 милиони франци и 270.000 евра

Вработен во НЛБ во Скопје од трезорот на банката вчера украл околу 2 милиони швајцарски франци и околу 270.000 евра. Случајот за „Мета“ го потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што информираат оттаму, кражбата вчера во 16.58 часот ја пријавил директор во банката.

Според информациите на МВР, 40-годишниот Б.С. од Скопје, вработен во банката, ги зел парите од трезорот, ги ставил во ќесе и без да биде забележан од никого, заминал во непознат правец.

Од МВР велат дека трагаат по осомниченото лице, кое е во бегство.