Свет Балкан „Офкат“: Да го оставиме морето да ни го врати Мартин

„Офкат“: Да го оставиме морето да ни го врати Мартин

Фото: Скриншот од Фејсбук пост на Иван

Напорите да го лоцираме Мартин Јовановски за жал, не вродија со плод, соопштија од „Офкат“, грчкото спасувачко здружение кое 20 дена беше во потрага по мoмчето кое  исчезна во морето кај Посиди. Tие на својот профил на Фејсбук напишаа дека ќе остават „морето да си ја заврши работата“, со надеж дека ќе се најде Мартин.

„Денес се одбележуваат 20 дена без Мартин. Напорите да го лоцираме цело ова време за жал, беа бесплодни иако ги „измешавме“ морето, копното и небото. Мартин не му „припаѓа“ на морето. Мартин припаѓа на земја и таму треба да се „врати“ во одреден момент. Па да го оставиме морето неколку дена да си ја заврши „работата“ со надеж дека во некој момент ќе ни се врати. Сочувствуваме со неговото семејство и нема да дозволиме случајот да се „затвори”. Впрочем, ѝ дадовме ветување на мајката на Мартин, Лидија, и на неговиот брат Горан Јовановски дека ќе го најдеме Мартин. Истрагите сега продолжуваат на „друго” ниво“, напишаа од „Офкат“ на Фејсбук.

Мартин и неговите двајца другари на почетокот на овој месец беа повлечени од морските струи кај Посиди, на првиот крак на Халкидики, додека го славеле роденденот на Иван. Едното момче беше пронајдено од сурфер кој ја информираше крајбрежната стража. Тој помина 20 часа во вода, а успеа да се одржи на површината на водата благодарение на полуиздишана топка која ја нашол во водата.

Продолжува потрагата по Мартин на Халкидики, неговиот другар Иван почна донаторска акција за да се забрза акцијата