Македонија Одложено судското рочиште со завршните зборови за пожарот во тетовскиот ковид-центар

Одложено судското рочиште со завршните зборови за пожарот во тетовскиот ковид-центар

Судијата Јордан Велковски наредното судско рочиште го закажа за 29 мај, со почеток од 10 часот

Од денешното судско рочиште; Фото: Фисник Џелили, Порталб.мк

Денешното судско рочиште на кое требаше да се изречат завршните зборови за пожарот во тетовскиот ковид-центар е одложено поради тоа што адвокатот на обвинетиот Артан Етеми бил болен. Поради ова, судијата Јордан Велковски наредното судско рочиште го закажа за 29 мај, со почеток од 10 часот.

За пожарот во кој животот го загубија 14 лица во обвинението се товарат директорите на тетовската болница Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово, како правно лице. Уште на почетокот од судењето тие рекоа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат виновни.

Инаку, доказната постапка во судскиот процес заврши со последните сведоци кои беа сослушани пред речиси три недели, односно на 6 април.