Главна секција Одложено рочиштето против Заев за случајот „Поткуп“

Одложено рочиштето против Заев за случајот „Поткуп“

Судењето против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за случајот „Поткуп“, кое денеска требаше да почне во Основниот суд Скопје 1, е одложено. Рочиштето, како што пренесува „Телма“, е одложено бидејќи во судницата Заев не се појави – бил на службено потување.

Заев, како градоначалник на Струмица, е обвинет дека побарал поткуп од 163.924 евра од струмички бизнисмен за легализација на државно земјиште.

Според адвокатот на одбраната, Филип Медарски, поткупот не е примен, а одземањето на корисничкото право на користењето на градежното изградено земјиште не било дејство за кое е надлежен градоначалникот, туку тоа е во надлежност на Министерството за финансии, односно на Управата за имотно-правни работи.