Економија Од вечерва бензините поевтинуваат за до три денари по литар

Од вечерва бензините поевтинуваат за до три денари по литар

Од ноќеска на полноќ бензините ќе се продаваат по пониски цени, додека цената на дизелот не се менува

фото: Мета.мк

Бензинот Еуросупер БС-95 од вечерва ќе поевтини за 2,5 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98 се намалува за 3 денари за литар. Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ), од каде информираа дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој биле формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,545 отсто.

Во меѓувреме, цените на Еуродизелот и Екстра-лесното масло за домаќинство остануваат исти.

Од вечерва, литар Еуросупер БС-95 ќе се продава за 83,5 денари по литар, додека 98-октанскиот бензин ќе чини 85,5 денари за литар. Литар дизел гориво и понатаму чини 86 денари, а Екстра-лесното масло 85 денари.

Цената на мазутот од вечерва изнесува 46,979 денари за килограм.